1,7K
Мегваер беше обвинет за насилство врз службени лица, за противење при апсење, за понуда за поткуп… судот денеска ја донесе одлуката, фудбалерот на Јунајтед е виновен по сите обвиненија.
Наскоро се очекува судот да ја соопшти и казната за Мегваер и другите инволвирани во инцидентот на Миконос.
Тој беше уапсен заедно со неговиот брат и пријател по тепачка на островот Миконос, според нив таа настанала откако на неговата сестра и било подметнато дрога за силување.
Обвинителите открија дека во полициската станица Мегваер им велел на вработените: „Знаете ли кој сум јас? Јас сум капитен на Манчестер јунајтед, многу сум богат, можам да ви дадам пари, можам да ви платам, ве молам пуштете ме“.