Манчестер Сити крои планови како да го донесе Меси без да го прекрши финансискиот фер-плеј

by
1 минути читање

Судот за спортска арбитража го спаси Манчестер Сити од забрана за настап во Лигата на шампионите, па англискиот клуб сега повнимателно му приопаѓа на трансфер пазарот.

Желба на Пеп Гвардиола е да го добие Лионел Меси, па раководството студира како да го донесе Аргентинецот а да не ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј.

Покрај обесштетувањето кое ќе го побара Барселона, а се верува дека нема да биде помалку од 100 милиони евра, Манчестер Сити треба на Меси да му понуди и висока плата.

Клубот можеби ќе треба да се ослободи од некои од фудбалерите кои ги има за да ги избалансира сметките.

Но, интерес за Меси нема само од Манчестер Сити, како клубови кои планираат да посегнат по Аргентинецот се и Интер и ПСЖ.

Според аргентинскиот весник „Оле“, Меси во наредните неколку дена ќе ја соопшти својата конечна одлука. Дали ќе остане во Барселона, или ќе го напушти Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×