Гужва на Стемфорд Бриџ за лекарски прегледи, Челси во скоро време треба да ги соопшти трансферите на Хаверц, Чилвел и Силва

by
1 минути читање

Гужва на Стемфорд
Бриџ за лекарски прегледи, се чекаат Каи Хаверц, Бен Чилвел и Тијаго Силва.

По долги
преговори, Челси и Баер Леверкузен конечно успеале да си подадат рака. Двата
клуба направиле компромис, „сините“ ќе платат 72 милиони фунти (80 милиони
евра), како и додатни 18 милиони фунти во бонуси (20 милиони евра) за Каи
Хаверц да се пресели во Лондон.

Челси го
договорил и Бен Чилвел од Лестер, за кого ќе платат 50 милиони фунти, а
постигната е согласност и со Тијаго Силва за двегодишна соработка, Бразилецот
пристигнува како слободен играч од ПСЖ.

Медиумите од
„островото“ пишуваат дека во скоро време ќе пристигнат официјални потврди и во
следните денови ќе бидат комплетирани овие трансфери. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×