Синоќа, медиумите
од Шпанија пренесоа дека Луис Суарез е првата жртва на чистката во Барселона,
Роналд Куман му се јавил на напаѓачот и го известил дека не се вклопува во
неговите замисли.
Спорт сега излезе
со повеќе детали и вели дека разговорот траел помалку од една минута. Роналд
Куман без да дава образложение, само му пренел на Луис Суарез дека не е дел од плановите
за новата сезона и треба да си оди.
Уругваецот ја
прифатил одлуката и порачал дека нема да прави проблеми. Сега на сцена треба да
настапат адвокатите за да се најде решение за условите под кои ќе се прекине
соработката, се верува дека тој ќе добие одврзани раце да си најде нов клуб, а
Барселона ќе му плати и добар дел од платата за сезоната 2020/21.
И додека Луис
Суарез не сака контроверзија, Спорт додава дека фудбалерот е бесен поради
начинот на кој се менаџира целата ситуација, односно тоа што преку медиумите
дознал дека е на излезна врата наместо некој од раководството да му се јави и да го извести за новите планови.