ПСЖ е во втор план кај Алегри, приоритет за Италијанецот е Интер

by
1 минути читање

Според пишувањата
на „Скај Спорт Италија“, Масимилијано Алегри преферира да го преземе кормилото
на Интер, каде се очекува Антонио Конте да си замине, а за Италијанецот оваа
опција попримамлива отколку клупата на ПСЖ.

Утре претстои
мошне важен разговор помеѓу Конте и првите луѓе на Интер, а повеќе извори од
Италија брифираат дека обете страни ќе се разделат по само една година
соработка.

Не е само куршумот во коверт, зад желбата на Конте за заминување стои и измама од 30 милиони евра?!

Практично,
единствениот кандидат да го наследи Конте на клупата на Интер е токму Алегри,
барем така известуваат во Италија, претходно тој го предводеше Јувентус, и тоа
со голем успех.

Поради
новонастанатата ситуација во Интер, трансфер-експертот во „Скај Спорт Италија“,
Џанлука Ди Марцио наведува дека Алегри ќе го сочека исходот од новонастанатата
ситуација во Интер, повеќе отколку да размислува за клупата на ПСЖ.

Томас Тухел го
одведе ПСЖ во финалето од Лигата на шампионите, ја освои титулата во Франција,
во купот, меѓутоа ниту тој учинок не е доволен за да ја задржи својата
позиција, од друга страна пак, што се однесува до поврзаноста помеѓу Алегри и
Интер, директорот Бепе Марота, со кого соработуваа во Јувентус е причина повеќе
да го одбере составот на „Нероаѕурите“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×