304
По заминувањето
на Фреди Љунберг, за кого е веќе познато дека посакува да се искачи скалило
погоре во новите предивзици, „Сан“ известува дека Денис Бергкамп би можел да се
приклучи на стручниот штаб на Микел Артета во Арсенал.
51 годишниот
Холанѓанец е без фудбалски ангажман од декември 2017. година кога си замина од
позицијата асистент во Ајакс, а се верува дека Артета нема дилеми во својот прв
избор за што тамошните медиуми веќе на големо најавуваат.
Бергкамп освои
три титули во Премиерлигата во дресот на Арсенал, како и уште толку во ФА Купот
за клубот од Северен Лондон кој никако не успева да се врати на старите победнички патеки.