Поради кризата создадена од пандемијата на ковид 19, многу од клубовите ќе имаат помали буџети за трансфери ова лето.
„Калчомеркато“ тврди дека раководството на Милан одвоило трансфер буџет од само 30 милиони евра. Ова им го соопштиле на техничкиот директор Паоло Малдини и спортскиот директор Фредерик Масара кои работат на носење на новите фудбалери.
Оваа сума може да се зголеми доколку клубот продаде фудбалери. Како еден од оние кои се споменува дека ќе си одат е Давиде Калабрија, тој се проценува на 12 милиони евра.
Обновувањето на договорот со Златан Ибрахимовиќ нема да има ефект врз трансфер буџетот, ниту доаѓањето на Бакајоко кој би пристигнал на позајмица со опција за откуп од 30 милиони евра следното лето.