Изминативе недела
дена имаше многу гласини за тоа кои играчи на Барселона ќе го напуштат клубот,
а Луис Саурез бурно реагираше на начинот на кој се прави чистката, односно
зошто никој не зборува со него и за имињата се дознава преку медиумите.
Според Радио
Каталуња, Луис Суарез сега лично бил известен дека нема иднина на Камп Ноу. Можеби не
во лице како што напаѓачот бараше, но Роналд Куман во телефонски разговор му
пренел дека не е дел од неговите планови, односно не се вклопува во фудбалот кој тој ќе го
имплементира.
Извештајот вели
дека на потег сега се адвокатите на Уругваецот кои ќе треба да ги договорат
условите под кои ќе биде прекината соработката. Тој ќе добие одврзани раце да си најде нов
клуб, а Барселона ќе му плати и добар дел од платата за сезоната 2020/21.