174
Челси е блиску до потпис со дефанзивецот Тијаго Силва кој на Стемфорд Бриџ ќе пристигне како слободен играч.
Силва кој во ПСЖ беше осум години откако таму пристигна од Милан, ќе биде третото засилување за Лампард во летниот преоден рок откако претходно Челси потпиша со Хаким Зијеш и Тимо Вернер.
Пред стартот на сезоната Челси се надева дека ќе ги комплетира и трансферите на левиот бек од Лестер, Бен Чилвел и Каи Хаверц од Бајер Леверкузен.