Херојот на Баерн: Трофејот од Лигата на шампиони го посветувам на другар од детството кој повеќе не е со нас

by
1 минути читање

Баерн Минхен се радува на нова тројна круна, големиот успех вечерва беше комплетиран со триумф од 1-0 над ПСЖ на завршницата од Ф8 турнирот во Лисабон.

Херој на „баварците“ беше Кингсли Коман, кој е роден во Париз, помина десетина години во школите на ПСЖ но никогаш не одби вистинска шанса во првиот тим.

Па Французинот има измешани емоции, од една страна се радува на успехот, од друга жали што „светците“ останаа со празни раце.

„Извонредна вечер особено за мене како стрелец на голот, многу сум среќен. Но во исто време малку ми е жал за ПСЖ, имаа неверојатно патување. Мора да го почитуваме она што го сторија. Се уште имам браќа во тој тим, но сега сум 100% „баварац“ и сум среќен со успехот“ – вели Кингсли Коман.

„За триумфот голема заслуга има тренерот. Ни даде самодоверба, спокојност, ја најде првата форма и влечеше прави потези“.

„Трофејот сакам да го посветам на другар од деството кој повеќе не е со нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×