Сари игра тврдо, не сака лесно да го раскине договорот со Јувентус

by
1 минути читање

Јувентус го отпушти Сари по само една сезона и покрај тоа што тој им донесе ново Скудето.

61-годишниот стратег се уште има две години од договорот, па и покрај тоа што го отпушти, Јувентус треба да му дава плата се додека не постигнат согласност за раскин на договорот.

Таков беше случајот и со Макс Алегри кој го плаќаа до оваа сезона.

Годишната плата на Сари е 5,5 милиони евра нето.

Сари не е импресиониран од она што му го нуди Јувентус за раскинување на договорот, па засега не планира да прифати доколку клубот не ја зголеми сумата.

Интересот на Сари е да добие што поголема сума од Јувентус како обесштетување, а потоа да потпише за друг клуб каде ќе добива редовна плата.

Јувентус пак гледа да му плати колку што е можно помалку, но доколку не се договорат во текот на двете години ќе треба да му го исплати целиот износ од 11 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×