Се најавува
голема реконструкција на првиот тим на Барселона, неколку ѕвезди се на излезна
врата и се верува дека помеѓу играчите кои ќе бидат ставени на продажба се
наоѓа и Луис Суарез.
Во разговор со Ел
Паис, Уругваецот вели дека никој не го известил дека треба да си бара нов клуб.
Тој не е задоволен од манирот на кој се менаџира целата ситуација, односно тоа што низ медиумите се пласираат имињата на играчите кои се на продажба ова лето.
Луис Суарез исто така порача дека не сака да замине и подготвен е да
биде резерва и да помогне колку може од клупата.
„Претседателот
зборуваше за промени, спомна некои имиња, тоа доведе до одредени шпекулации, но
мене никој ништо не ми кажал. Доколку тоа е желбата на клубот, добро ќе беше
човекот кој е главен да седне со мене и да ми каже во лице, а не вака да
дознаваме преку медиуми кои играчи треба да заминат. Останува да видиме што ќе
се случи. Мојата идеја е да продолжам, но доколку клубот реши дека повеќе не
сум потребен, немам проблем да седнам и да разговарам со нив. Куман? Не сум
разговарал ниту со него“ – вели Суарез.
„Се дека клубот
смета на мене, јас сум подготвен да продолжам да давам допринос колку што
можам. Од првиот ден ја чувствувам поддршката на фановите, и тоа ми дава сила.
Подготвен сум и за улога на резерива. Секогаш е добро кога има конкуренција и
доколку тренерот мисли дека јас треба да започнам на клупата, нема да има
никаков проблем и ќе се обидам да помогнам и со таа нова улгога“.