804
Андреа Пирло го посакуваше Тудор за свој асистент, но имаше информација дека Хајдук на Јувентус му бара дури еден милион евра за да го ослободи од договорот.
Сепак хрватскиот клуб денеска соопшти дека Тудор повеќе не е нивни тренер и оди во Јувентус: „Игор Тудор од денеска веќе не е тренер на Хајдук откако одлучи да ја прифати понудата од новиот тренер Андреа Пирло и да му се пиклучи како помошник во стручниот штаб. Му посакуваме многу среќа и успех во кариерата“.
Според хрватските медиуми Хајдук од Јувентус за Тудор ќе добие 440.000 евра, што за ангажман на асистент е висока сума.