Откриени повеќе детали: Мегваер и другарите во два наврати истепале полицајци па на крај понудиле и мито

by
1 минути читање

Капитенот на Манчестер јунајтед е топ тема откако во раните утрински часови бил уапсен на грчкиот остров Миконос и завршил во притвор поради учество во тепачка.

Сега се откриени повеќе детали за инцидентот, портпаролот на полицијата откри дека Хари Мегваер и неговите пријатели во два наврати истепале полицајци. 

Првиот инцидент се случил кога палицијата интервенирала да раздели две групи на луѓе, а вториот инцидент се случил во полициската станица, кога фудбалерот и другите две лица давале отпор, се туркале и истепале тројца полицајци.

Еден од нив потоа се обидел да понуди мито, односно понудил пари за да не биде покренато обвинение.

Сите тројца се однесени пред обвинител во Сирос, кој треба да одлучи дали и какво обвинение ќе покрене.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×