„Каталонците“ ова лето ќе прават голема реконкструкција на тимот, Жозеп Мариа Бартомеу порача дека сигурни се само осум играчи, односно Меси, Де Јонг, Гризман, Тер Штеген, Дембеле, Ленгле, Семедо и Ансу Фати.
Но според пишувањата на медиумите од Шпанија, на оваа листа треба да се придодаде и Жерард Пике. СЕР пренесува дека дефанзивецот не е на листата за отстрел на Куман, и е важен дел од плановите на Холанѓанецот.
Стратегот сепак не смета на три други ѕвезди како Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Роналд Куман планира да разговара со нив во следните денови и да им пренесе дека за нив нема место во новиот проект.
Извештајот исто така вели дека ниту еден од овие тројца не сака да замине, сите имаат валиден договор, па останува да се види како ќе биде решена нивната иднина.