Спартак Москва со порака до Барса: Знаеме која е вашата следна трансфер цел… подгответе 100 милиони!

by
1 минути читање

Барселона денеска откри дека Хенрик Ларсон и Алфред Шројдер ќе му бидат помошници на Роналд Куман, а објавата предизвика реакција и мајтап од страна на Спартак Москва.

За клубот од Русија настапува Џордан Ларсон, кој е син на Хенрик Ларсон.

Од таборот на „црвено-белите“ на шега велат дека знаат која ќе биде следната трансфер цел на „каталонците“ и порачуваат дека не треба да ги контактираат без да понудат 100 милиони евра.

„Можеме да претпоставиме која ќе биде вашата следна трансфер цел, но потребно ни е тоа момче. Подгответе 100 милиони, или воопшто немојте да ни се јавувате“ – гласеше пораката на Твитер.

Џордан Ларсон минатото лето се пресели во Спартак Москва за скромни 4 милиони евра и имаше солидна прва сезона во првенството на Русија. На стартот од новата се наметнува како клучен играч и има два гола на три натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×