Ловрен намерно му удрил лакт на Рамос како одмазда за повредата на Салах: Мораше да плати!

by
1 минути читање

Кога Реал Мадрид се сретна со Ливерпул во завршницата од најелитното европско натпреварување во 2018, Серхио Рамос имаше дуел со Мо Салах по кој Египјанецот незгодно падна, се повреди и мораше предвреме да го напушти теренот.

Капитенот на Реал Мадрид се правдаше дека немало намера во неговиот потег, но многумина сметаат дека Серхио Рамос добро знаел што прави.

Дејан Ловрен, кој е добар пријател со Мо Салах, сега открива дека намерно му удрил лакт во глава на Серхио Рамос кога со Хрватска играл против Шпанија за да му се реваншира.

„Дали намерно му удрив лакт на Рамос откако тој го повреди Салах? ДА, веројатно“ – вели Хрватот, кој ова лето го напушти Ливерпул и се пресели во Зенит.

„Лука Модриќ се обиде да ја смири тензијата помеѓу мене и Рамос. Со Хрватска игравме против Шпанија, јас намерно го удрив со лакт и му кажав дека сега сме нерешено. Го почитувам Рамос како играч и што тој прави за својот тим. Има освоено многу титули, но од друга страна, не ми се допаѓаат некои негови потези“.

„Не сакам да ја правам работата голема, но мислам дека Рамос имаше намера да го повреди мојот пријател Салах, па мораше да плати за тоа што го стори“.

„Со Салах на теренот, ние бевме подобри од Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампиони. Неговата повреда беше голем удар за нас, откако го напушти теренот, тие почнаа да доминираат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×