„Старата дама“ е
во потрага на нов напаѓач и изминатиов период неколку имиња беа поврзувани со
преселба во Торино. Со Маурицио Сари на клупата, се шпекулираше дека Аркадиуш
Милик е прва желба, и дури се говореше дека Јувентус се има договорено со
Полјакот.
Но по промената
на тренерот, се променија и приоритетите. Неколку извори од Италија пренесуваат
дека Андреа Пирло побарал да биде купен Един Џеко.
Mладиот стратег верува дека
Босанецот е идеален партнер за Кристијано Роналдо во нападот и неговите движења
подобро ќе се надополнуваат со оние на ЦР7 за разлика од другите алтернативи
кои Фабио Паратичи ги има на ум како Аркадиуш Милик, Раул Хименез или
Александре Лаказет.
Иронично, токму
Аркадиуш Милик може да одигра клучна улога за реализирање на овој трансфер. Полјакот
е една од желба на Рома за засилување на форот и „волчицата“ е во преговори со
Наполи за трампа со која сите страни ќе бидат задоволни.