Еден милион евра недостасуваат за да биде постигнат договор меѓу Милан и Ибрахимовиќ

by
0 минути читање

„Тутоспорт“ пишува дека Милан напорно работи да го задржи Златан Ибрахимовиќ уште една сезона.

По неговото враќање во јануари, Златан имаше огромно влијание врз тимот кој почна да реди победи, особено по рестартот на сезоната.

Се шпекулира дека Швеѓанецот сака 7,5 милиони евра за да остане во Милан.

Клубот му понуди 5 милиони евра плус бонуси. „Тутоспорт“ тврди дека разликата меѓу двете страни е еден милион евра.

Се очекува во наредните денови двете страни да ги интензивираат преговорите и да постигнат договор за продолжување на соработката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×