Германските клубови се познати како цврсти преговарачи, сакаат да го добијат она кое го бараат, поразличен не е ниту Баер Леверкузен.
Челси уште пред неколку недели ги договори личните услови со Хаверц, но трансферот не е реализиран поради тоа што се заглави во преговорите меѓу клубовите за висината на оштетата.
Новинарот на „Скај Спорт“, Фабрицио Романо тврди дека двата клуба имале контакт во понеделникот, разликата меѓу двете страни е 20 милиони евра.
Хаверц уште еднаш го замолил Леверкузен да го пушти, но тие биле децидни, му рекле на Челси дека за да го добијат фудбалерот ќе мора да ја платат бараната сума, во спротивно тој нема да се пресели на Стемфорд Бриџ.
Леверкузен дури поставиле и временски ултиматум, чекаат прифатлива понуда од Челси до крајот на следната недела, во спротивно ќе сметаат на Хаверц и за следната сезона.