Барањето од
страна на група Премиерлигаши за да ги пренесуваат своите натпревари со што
нивните навивачи ќе имаа можност истите да ги проследат пропадна, а се чини
дека во Премиерлигата немаат намера да отстапат.
Се’ поизвесно е дека новата сезона која
стартува на 12. септември ќе почне без публика на стадионите, иако постои надеж
дека ќе има навивачи, тоа би можело да биде со ограничена бројка, а претходно
медиумите на Островот дури наведоа дека доколку дојде до таква одлука,
навивачите нема да смеат да пеат на трибините, од каде ќе се пушта „вештачка“
атмосфера, како што беше по рестартот на сезоната.
Како и да е,
истиот случај како по рестартот навивачите нема да го имаат пред себе, односно,
нема сите натпревари да бидат во живо пренесувани, а постои стравувања на
Островот дека на сцена ќе настапат стримовите кои дури ќе можат да им ги
пореметат сметките на тв компаниите кои имаат платено дебели суми за правата.
„Спортсмејл“
наведе дека неколку клубови од Премиерлигата изразиле подготвеност да ги
пренесуваат сопствените натпревари кои не се на агендата за телевизиски пренос,
а тоа имале во план да го сторат на сопствените веб страни, но со барање за
претплата на истата платформа.
„ЈасСледам“ (iFollow) моделот, кој нуди официјален стриминг
сервис беше користен во Чемпионшип дивизијата во Англија, истиот беше користен
како пример за да се докаже дека функционира, за што се потврди, но,
истовремено овој проект потврди и дека е доста профитабилен.
Се верува дека
клубовите кои најмногу притискаат за оваа идеја се Вест Хем и Кристал Палас, а
на оваа тема се дискутирало и на последниот состанок на највисоко ниво во
Премиерлигата со клубовите, меѓутоа идејата брзо била отфрлена, и тоа најмногу
поради радиодифузерите кои имаат големи давачки за натпреварите чии тв права ги
имаат откупено.
Со притисок на
властите во Англија, 92 натпревари кои се одиграа по рестартот на сезоната беа
пренесувани во живо, а 33 од истите беа дури и бесплатни.