Вилијан имал понуди од Сити и Јунајтед пред да потпише за Арсенал, но сакал да остане во Челси

by
1 минути читање

Бразилецот
Вилијан, новото засилување на Арсенал, не сакал да си замине од Челси, а
искусниот плејмејкер бил изненаден откако разбрал дека директорите на клубот
имале други планови за него, извести „ЕСПН“.

На Островот
претходно наведуваа дека Вилијан барал тригодишен договор од Челси, а од таму
наводно не добил никаква понуда, иако во дресот на „Сините“ од Лондон беше цели
седум години.

Вилијан имаше и
повеќе од солидна сезона во Челси, во која на 47 настапи успеа да постигне 11
погодоци, како и да запише уште 9 асистенции, со што најголемиот дел од товарот
во битката за четвртото место во Премиерлигата кое на крајот Челси го освои,
падна токму на негов грб.

Челси има
политика од која веројатно не отстапува, па мошне ретко кога овој клуб нуди нов
договор на фудбалери кои веќе се над 30 годишна возраст, а 32 годишниот Вилијан
се соочи и со голема конкуренција за својата позиција.

Како и да е, иако
имаше интерес од Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, како и Баерн Минхен, на
крајот Вилијан тргна по стапките на неговиот сонародник Давид Луиз, кој исто е
дел од „Топчиите“, а претходно ги бранеше боите на Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×