304
Арсенал и Наполи се во трка за дефанзивецот на Лил, Габриел.
„Мирор“ пишува дека Наполи му го нуди Кулибали на Манчестер Сити за 60 милиони фунти. Тие сакаат овој трансфер брзо да биде комплетиран, па со сите сили да се насочат кон Габриел пред Арсенал да го добие неговиот потпис.
Габриел ја преферира Премиерлигата, но сериозно се разгледува и опцијата за трансфер во Наполи откако италијанскиот клуб чукнал на вратата.
По лошата сезона на Манчестер Сити, приоритет на Пеп Гвардиола се засилувања во одбраната која беше најслабиот дел од тимот. Веќе е ангажиран Аке, но се бара уште еден дефанзивец.