34 годишниот
плејмејкер Давид Силва вели дека едвај чека да почне со новото поглавје во
својата кариера во дресот на Реал Сосиедад, клуб кој го одбра наместо Лацио, со
кого претходно веќе беше договорен.
Од Лацио се
гневни поради начинот на кој Шпанецот ги остави на цедило, а во Италија пишуваа
дека постои голем револт во клубот поради потегот на Силва, спортскиот директор
Игли Таре јавно посочи дека го почитува како човек, но, не и како фудбалер.
Како и да е,
Силва го напушти Манчестер Сити и официјално ги засили редовите на Реал
Сосиедад, запрашан за тоа што го натерало конечната одлука да падне за преселба
во шпанскиот прволигаш наведе дека дел од таа одлука ја донело неговото семејство.
„Имав неколку
понуди изминатиов период, но го одбрав Реал Сосиедад бидејќи ова е клуб кој
функционира одлично, како и поради нивниот стил на игра кој е перфектен за
мојата игра“ рече Силва за официјалниот клупски сајт.
„Покрај тоа,
добро ја познавам арената Сан Себастијан бидејќи играв во Еибар, чувството кое
го имам е прекрасно, откако потпишав, добив пораки од многу луѓе, пристигнав во
прекрасен град, многу мирен, а од овој аспект одлучив заедно со моето семејство,
дел од одлуката беше нивна“ додаде тој.
„Гледав многу
натпревари во Примера ланската сезона, истовремено ги следев и Реал Сосиедад,
играта им беше одлична, имаат и добро организирани челници на клубот, воедно
имаат и одличен тренер, едвај чекам да почнеме со работа“ заклучи Силва.