Првиот човек на Барса за Лаутаро: Преговаравме со Интер, но…

by
1 минути читање

Претседателот на
Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу не отфрли нова офанзива по потписот на
напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, за што и самиот потврди дека постоела
таква желба во клубот и претходно.

Интересот кај
Каталонците за услугите на Лаутаро се чини дека нема да сопре, оваа тема
повторно беше отворена, овој пат за време на гостувањето на Бартомеу на
официјалниот тв канал на Барселона.

Ние бевме во
преговори со Интер пред сезоната да сопре, преговорите беа прекинати кога
натпреварувањата продолжија
“ рече првиот човек на Каталонците во однос на 22
годишниот аргентински напаѓач.

Бартомеу го потврди Куман за нов тренер на Барса и порача: Сигурни се само 8 играчи, сите други на продажба!

Ние ќе
разговараме со новиот тренер за да ја увидиме неговата визија за иднината на
тимот
“ додаде Бартомеу, наведувајќи дека Барселона повторно би тргнала по
Лаутаро, во случај тој да биде во плановите на новиот тренер Роналд Куман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×