730
Момците на Тухел ја оправдаа улогата на фаворит и дојдоа до победа над Лајпциг, можеби и полесно од очекувањата.
Резултатот беше отворен уште во 13. минута кога по нафрлување од Ди Марија, Маркињос постигна убав гол со глава за водство на ПСЖ од 1-0.
На три минути до крајот на првиот дел Ди Марија се запиша во листата на стрелците, погоди по асистенција од Нејмар за предност и од 2-0.
Ди Марија кој беше играч на мечот учествуваше и во третиот гол, во 56. минута тој му асистираше на Бернат за конечни 3-0.
Во неделното финале ПСЖ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Баерн Минхен и Лион.