Бартомеу го потврди Куман за нов тренер на Барса и порача: Сигурни се само 8 играчи, сите други на продажба!

by
1 минути читање

Жозеп Мариа Бартомеу вечерва одговараше на прашања на новинари од неколку каталонски медиуми. Тој потврди дека Роналд Куман ќе биде новиот тренер и дека Лео Меси останува, Аргентинецот ќе биде столбот околу кој ќе се гради новиот проект.

Од овој состав, сигурни се само уште седум фудбалери, сите други се на продажба и ќе заминат доколку пристигне примамлива понда.

„Меси сака да ја заврши кариерата во Барса, го има кажано тоа во неколку наврати. Разговарав со Куман и тој ми кажа дека Лео е столбот околу кој ќе се гради новиот проект“ – вели Бартомеу.

„Не сум разговарал со Меси по случувањата во Лисабон, но разговарав со неговиот татко. Меси е разочаран и фрустриран, исто како и ние“.

„Меси и понатаму е најдобриот фудбалер во светот, тој е број 1. Има договор со Барса до 2021 и знае дека започнуваме нов проект, дека ќе пристигне нов тренер кој ќе смета на него“.

По историскиот пораз од Баерн, Бартомеу најави многу промени, а во соопштението со кое беше пренесено за отказот на Кике Сетиен, беше најавена голема реконкструкција.

„Ќе биде клише доколку кажам дека само Лео Меси не e на продажба. Покрај него, не се на продажба уште неколку, како Тер Штеген, Ленгле, Де Јонг, Семедо, Дембеле, Гризман и Ансу Фати. Ова се играчи на кои сметаме сериозно за во иднина“.

Тоа значи дека на продажба се клучни играчи како Серхио Бускетс, Жерард Пике, Серхи Роберто, Жорди Алба и Луис Суарез, како и фудбалери за кои подолго време се говори дека се на излезна врата како Артуро Видал, Иван Ракитиќ, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Нето и Мартин Брејтвајт.

Жозеп Мариа Бартомеу исто така не ја исклучи можноста на дел од овие имиња да им се дадат одврзани раце за заминување и да им се раскинат договорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×