Силекс немоќен во Баку, убедлив триумф на Карабах

by
1 минути читање

Карабах ја оправда улогата на фаворит и го победи Силекс со 4-0. Искуството и квалитетот беа на страната на домаќинот, кратовчани имаа свои шанси но не успеаа да реализираат.

Резултатот беше отворен уште во 11 минута кога по една убава акција Ромеро постигна гол за водство на Карабах од 1-0. 

На пет минути пред крајот на првиот дел Гурие зголеми на 2-0, во оваа акција можеби имаше и фаул врз Божиновски, но судиите не реагираа.

Бекот Гурие погоди и во 51. минута, а на десет минути пред крајот Емрели ги постави конечните 4-0.

Силекс имаше неколку убави шанси, ја погоди и пречката од голот на Карабах но не успеа да постигне почесен гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×