Куман пристигна во Барселона, откриено колку „каталонците“ платиле за неговата слобода

by
0 минути читање

Во секое време се очекува Барса официјално да го
потврди Роналд Куман за нов тренер. Холанѓанецот со приватен авион во 17:15
пристигна во Барселона и во моментов ги финишира преговорите со раководството
на „каталонците“.

Стратегот на почетокот од годината ја одби Барса,
но сега не можеше да каже НЕ. Тој имаше договор со Холандија до 2022, па мораше
да биде платено обесштетување.

Медиумите шпекулираат дека биле потребни 5 милиони
евра за слободата на Роналд Куман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×