Швеѓанецот импресионираше со своите игри по
враќањето на Сан Сиро во јануари и раководството на Милан сака да го продолжи
неговиот престој. Двете страни со недели преговараат, но се уште нема абер за
подадена рака и согласност за висината на платата.
Се шпекулира дека Златан Ибрахимовиќ бара нето
плата од 7 милиони евра, додека пак Милан е подготвен на маса да стави 5
милиони евра плус бонуси.
Во моментов преговорите се на стенд-бај, па на „росонерите“
им биле понудени двајца напаѓачи.
Жорж Мендеш им го понудил Диего Коста, кој е на
крајот од авантурата во Атлетико Мадрид.
Мино Рајола пак им го понудил Моизе Кин, кој не се
снајде најдобро во Евертон и сака да се врати во Италија.
Но се верува дека во моментов нема сериозни
преговори на овие два фронта и бил остварен само првичен контакт за да се опипа
теренот.