Жозе Мурињо ќе има на располагање дури три квалитетни голмани откако Џо Харт денеска стави потпис на двегодишен договор.
Овој трансфер беше најавен пред неколку дена, а сега е комплетиран.
Се верува дека Хуго Лорис ќе остане неприкосновен меѓу стативите на Тотнем, а Џо Харт заедно со Пауло Газанига ќе се бори за столчето од клупата на Тотнем.
33-годишниот Харт стана слободен фудбалер откако неговиот договор со Барнли истече по крајот на сезоната. Тој во изминатата сезона имаше само три настапи за овој клуб.
Џо Харт е второ засилување на Тотнем ова лето откако претходно потпис на договор со Спарс стави Пјер Емил Хојберг.
Харт беше одличен голман, има две титули во Премиерлигата и 75 настапи за англиската репрезентација, но во последните сезони се мачи со формата.
Севкупната негова статистика во Премиерлигата не е значително полоша од онаа на Хуго Лорис, но во Тотнем се знае кој е кој.
