Куман се огласи по гласините дека денес ќе биде именуван за нов тренер на Барселона

by
1 минути читање

Барселона го одбра Роналд Куман за наследник на
Кике Сетиен, генаралниот извршен директор, Оскар Грау синоќа беше во Холандија
да ги испегла деталите. Попладнево, стратегот ги посети канцелариите на ФФХ за
да постигне согласност со раководните луѓе на федерацијата за прекин на
соработката.

На заминување, Роналд Куман разговараше со
медиумите и потврди дека сака да го превзеде кормилото на Барселона, но додаде
дека во моментов нема финален договор.

„Време е да ја прифатам понудата на Барселона и да
седнам на тренерското столче“
– изјави Роналд Куман, кој во јануари ги одби
„каталонците“ и можноста да го наследи Ернесто Валверде.

„Секако дека сакам да се преселам на Камп Ноу, но
во моментов нема финален договор, нема потпис на документите“.

„Не можам да кажам ништо повеќе, ќе треба да
почекаме“.

Се верува дека стратегот има договорено двегодишна соработка со Барселона, и сега треба да се пронајде согласност за обештетувањето кое ќе го добие ФФХ за предвремен раскин на договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×