867
Изненадување беше веста дека Реал Сосиедад потпиша со Давид Силва бидејќи шпанскиот фудбалер имаше вербален договор со Лацио.
Римскиот клуб му имаше закажано и медицински тестови, но тој наместо кај нив во последен момент реши да се врати во Шпанија без да го извести Лацио за предомислувањето.
Во последните денови пред потписот за Реал Сосиедад, Давид Силва не одговарал на повиците од Лацио.
„Од медиумите дознав за трансферот на Давид Силва во Реал Сосиедад. Имам голема почит за него како фудбалер, но не и како човек“, вели Игли Таре, спортскиот директор на Лацио.