На големо изненадување,
Андреа Пирло беше именуван за наследник на Маурцио Сари на кормилото на
Јувентус. Италијанецот нема никакво искуство како тренер, но играчите се
оптимисти.
Според пишувањата
на Газета дело Спорт, Андреа Пирло веќе остварил неколку разговори со првата
ѕвезда, Кристијано Роналдо. Младиот стратег се преставил, ги кажал своите идеи и
планови за Јувентус и фудбалската филозофија која сака да ја имплементира.
Андреа Пирло исто
така му дал ветување на Португалецот дека ќе биде купен нов напаѓач, односно
класична 9-ка, играчот од типот на Карим Бензема, па тој ќе има поголема
слобода во форот и ќе биде растеретен од одредени должности.
Милик од Наполи е
прва желба, но на листата има уште неколку имиња како Џеко, Лаказет и Раул
Хименез.