Тер Штеген ќе мора под нож

by
1 минути читање

Од Барселона
потврдија дека нивниот прв чувар на мрежата од голот, Марк-Андре Тер
Штеген  ќе мора да оди на операција
поради проблемите со коленото, проблеми кои ги има подолг период, а операцијата
ќе биде извршена оваа седмица.

28 годишниот
голман, кој веќе запиша повеќе од 200 настапи за Каталонците по трансферот од
Борусија Менхенгладбах во 2014. година, мака мачеше со десното колено, па иако
се шпекулираше дека паузата би можела да трае со месеци, тој е убеден дека сево
ова ќе заврши за неколку седмици.

Сево ова е
проактивна интервенција за да се превенира и подготви за во иднина, ќе ми бидат
потребни неколку седмици за да се рехабилитирам и вратам 100%, смирен сум, а
воедно и позитивен околу оваа ситуација, ќе се вратам наскоро, ви се заблагодарувам
на поддршката која ја добив, го ценам тоа многу!
“ напиша Германецот на
социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×