Каква кражба: Лацио имаше закажано и медицински тестови за Давид Силва, а тој потпиша за Реал Сосиедад!

by
1 минути читање

Легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Давид Силва како слободен фудбалер потпиша за Реал Сосиедад.

Лацио имаше постигнато договор со Давид Силва за тригодишна соработка, беа закажани и медицински тестови во Рим, но пред да биде потпишан договорот фудбалерот се предомисли.

Во последен момент Реал Сосиедад имале таен контакт со Силва и му дале подобра понуда од таа на Лацио.

„Реал Сосиедад постигна договор со Давид Силва кој во следните две сезони ќе настапува за нас, договорот е со траење до 30 јуни 2022 година. Фудбалерот дојдоа како слободен агент“, стои во соопштението на Реал Сосиедад.

Според „АС“ Реал Сосиедад посегнал агресивно кон потписот на Давид Силва откако Реал Мадрид одлучи да си го врати Одегард во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×