Артур Мело
минатиот месец беше продаден на Јувентус и практично тука заврши неговата авантура
на Камп Ноу. Тој потоа не доби шанса одново да го облече дресот на
„каталонците“, а по крајот на Ла Лига, реши да замине во Бразил и одби да се
врати за мечевите од Лигата на шампиони.
Тој сега одново е
во фокусот поради причини кои не се поврзани со фудбалот. Медиумите од Шпанија
пренесуваат дека фудбалерот во 4 часот наутро имал мала сообраќајна незгода во
Палафругељ, во околината на Жирона.
Артур Мело со
своето Ферари поткачил тротоарче, а потоа удрил во улична светилка. За проблемите да бидат поголеми, тој паднал и на тестот за алкохол.
Ова не е прв испад на Бразилецот, и се говори дека неговата недисциплина надвор од терените е главна причина зошто е продаден на Јувентус.