33-годишниот Џон Оби Микел како слободен агент потпиша за Стоук кој настапува во Чемпионшип дивизијата.
Микел дури 11 години беше во Челси, имаше 249 настапи во Премиерлигата, синиот дрес го носеше до 2017 година.
Со Челси тој освои Лига на шампиони, Лига Европа, два пати Премиерлигата, три пати ФА Купот и Лига Купот.
„Навистина бев импресиониран кога прв пат се сретнав со него. Разговаравме четири часа и тој ми стави јасно дознаење дека сака да се врати во Премиерлигата и да ја заврши кариерата таму. Се надевам дека тоа ќе го направи со Стоук“, изјави тренерот на тимот, Мајкл Онил кој со ова кажа и дека амбициите за следната сезона се влез во Премиерлигата, но конкуренцијата ќе биде силна.
Signing
John Obi Mikel is Stoke City’s fourth recruit of the summer.#SCFC
— Stoke City FC (@stokecity) August 17, 2020