За навивачите на Џенова, Пандев е најдобар играч на сезоната, а клубот потсети на една негова мајсторија (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Интернет страницата „Пјанета Џенова“ им овозможи на навивачите да гласаат за најдобриот фудбалер на тимот оваа сезона, а тие без многу двоумење убедливо го изгласаа Горан Пандев.

Пандев има двојно повеќе гласови Санабрија кој заврши на второто место, Ласе Шене беше трет.

Можеби е само коинциденција, но денеска и Џенова на социјалните мрежи објави фантастичен погодок на Пандев од оваа сезона, тоа е лобот од огромна далечина против Лече.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×