Борусија Дортмунд
броеше до неверојатни 11 против Австрија Виена на контролката која се одигра во
Алтах, а еден од погодоците беше дело на Џејдон Санчо, кој се поврзуваше со
трансфер во Манчестер јунајтед, но, на крајот од Бундеслигашот посочија дека
Англичанецот ќе остане и идната сезона дел од „Милионерите“.
Шанса за настап
на вчерашната контролка во Австрија доби и големиот талент на Англија, 17
годишниот Џуд Белингам кој за довербата врати со погодок, откако направи
трансфер од Бирмингем, иако опција му беше и Манчестер јунајтед.
Што се однесува
пак до деталите од контролката, веројатно самиот резултат си говори сам по
себе, а Санчо, кој притоа запиша и три асистенции, го имаше потегот на мечот,
за што и самиот се пофали за мајтапот кој му го стори на противникот во оваа
ситуација…
class="twitter-tweet">