Обамејанг објави мистериозна порака на твитер, дали наскоро ќе стави потпис на нов договор со Арсенал или ќе замине? (ФОТО)

by
1 минути читање

Обамејанг и Арсенал се многу блиску до договор за продолжување на соработката и според англиските медиуми таа наскоро ќе биде официјализирана.

Големо влијание за останувањето на Обамејанг има освојувањето на титулата во ФА Купот, сега напаѓачот смета дека тимот има иднина и под водство на Артета може да се остваруваат високи цели.

Тој на својот твитер профил објави мистериозна порака со неколку точки и песочен часовник, некои ја протолкуваа дека наскоро следува потпишување на договор.

Од друга страна пак, неговиот партнер од нападот, Александре Лаказет би може да замине од Арсенал.

„Скај Италија“ тврди дека Јувентус е сериозно заинтересиран за Лаказет, но се уште нема ништо конкретно. Тој има уште две години од договорот со Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×