Фернандеш отиде да му дели лекции на Линделоф, а на крајот доби сочна навреда (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бруно Фернандеш и
Виктор Линделоф се испокараа во синоќешниот меч против Севиља, во кој Манчестер
јунајтед со поразот од 2-1 доживеа елиминација во полуфиналето од Лига Европа,
а шпанскиот прволигаш вечерва ќе го дознае ривалот во големото финале по дуелот
помеѓу Интер и Шахтар.

Избраниците на
Оле Гунар Солшер синоќа се „сопнаа“ во пресметката со незгодниот шпански тим, а
бурни реакции има посебно кон Линделоф кон кого е вперен прстот за голот за
победа на Севиља, дело на Де Јонг, иако јасно може да се увиди дека вина има и
Арон Ван-Бисака.

Како и да е,
Фернандеш и Линделоф се испокараа откако најпрво плејмејкерот бурно реагираше
кон стоперот за тоа што се случи пред голот на Манчестер јунајтед, а медиумите
известуваат дека стоперот кој пет години играше во дресот на Бенфика, на
Португалски сочно го навредил својот соиграч со зборовите „ку*кин син“.

По мечот,
Фернандеш изјави дека сето тоа што се случило било мошне нормално, сите биле
лути поради примениот гол.

Сево ова е
нормално во ситуација кога ќе примите гол, сите се лути, не се работи за мене
или Виктор, тоа што се случи не е ништо посебно, сево ова е сосема нормално, се
грижиме еден за друг, се случува во повеќе екипи, мораме да ги гледаме грешките
кои сите ги правиме
“ рече Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×