По дебаклот во Лигата на шампионите, поразот од Баерн Минхен со 8-2, ќе се случат големи промени во Барселона. Најсигурна е тренерската смена.
Маурисио Покетино се посочуваше како фаворит за тренерското место во Барса, но сега работите се менуваат. Шпанските медиуми тврдат дека Роналд Куман е најблиску до функцијата.
Куман е поранешен играч на Барселона кој го постигна голот кој на Каталонците им го донесе првиот трофеј во Европскиот куп.
Тој никогаш не криел дека сака да биде тренер на Барселона. Проблем во моментов е што Куман е селектор на Холандија и има договор со националната федерација.
Пред да може да прифати да биде тренер на Барселона, тој мора да најде договор со Холандската фудбалска федерација за раскинување на соработката.