327
„Баварците“
синоќа немаа милост за Барселона, притискаа до самиот крај и дури осум пати ја
тресеа мрежата на Тер Штеген, па клубот од Камп Ноу забележа историски пораз во
Лигата на шампиони.
„Тешко е да се
каже нешто веднаш по последниот свиреж, но ова беше специјален натпревар. Од
самиот почетокот влеговме цврсто во дуелите и рано поведовме. Не престанавме ниту кога тие изедначија. Полни сме со самодоверба, но ова е само еден чекор од потребните
три. Треба што побрзо да заборавиме на овој меч, и на следниот да почнеме од
нула“ – вели Леон Горецка.
Запрашан дали
боли што неговиот идол Лео Меси бил понижен, тој додава: „Не, всушност
беше прилично забавно!“