Претседателот на
Барселона се појави пред микрофоните по тешкиот пораз од Баерн и елиминацијата
во Лигата на шампиони. Жозеп Мариа Бартомеу им се извини на фановите и најави
промени.
„Ова е тежок
пораз. Жал ми е а фановите, играчите и сите оние кои се поврзани со клубот. Жерард
Пике е во право, мора да има промени. Некое одлуки веќе се донесени, а други ќе бидат донесени како
резултат на денешниот натпревар. Во следниот период ќе бидат извршени, но ова
не е момент да се зборува за нив. Треба само да им се извиниме на навивачите“ –
вели Бартомеу.
Секако, сите
сакаат да знаат каква е иднината на Кике Сетиен и дали ќе има избори, но
Бартомеу одби да навлегува во детали.
„Повторувам, дел
од одлуките беа донесени пред почетокот на Лигата на шампионите, а по денешниот
пораз ќе бидат донесени и други. Во следните недели ќе има повеќе информации“.
Медиумите веќе на
големо пишуваат дека Кике Сетиен ќе добие отказ и дека неговите денови на
кормилото на Барса се избројани.