Сетиен не мисли на оставка по срамниот пораз: Прерано е да се каже дали ќе останам или не… треба да анализираме!

by
1 минути читање

Столчето на Кике
Сетиен се тресеше и претходно откако Барселона ја загуби битката со Реал Мадрид
во трката за титулата во Шпанија, и ретко кој очекува тој да остане по срамниот
пораз од 2-8 против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Но стратегот нема
намера да си поднесе оставка, вели дека требало да се прави анализа и клубот
бил тој што ќе пресудел за неговата иднина.

„Ова е навистина
болен пораз, примивме многу голови. Добар дел од коментарите на Жерард Пике се
на место. Треба да извлечеме заклучоци и да донесеме одлуки. Знам дека
многумина сметата дека треба да си одам, но тоа не зависи од мене. Треба да се
направи добра анализа, и клубот да донесе одлука. Овој понижувачки пораз прави
штета и сигурно ќе има промени, но прерано е да се каже дали ќе продолжам или не“

– вели Сетиен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×