Пике: Ова е срамота, го допревме дното… потребна е смена од раководство, па до играчи и тренер

by
1 минути читање

Барселона претрпе
исторски пораз откако вечерва загуби со 2-8 од Баерн Минхен во четвртфиналето од
Лигата на шампиони. Веројатно на сите им е јасно дека на „каталонците“ им
требаат големи промени, а тоа го порача и Жерард Пике.

„Ова е срамота,
го допревме дното. Катастрофален натпревар. Не може да играме вака, особено не
во Лигата на шампиони. Не е прв пат, втор пат или трет пат да ни се случува ова.
Се надевам дека ќе научиме нешто. Потребни се промени, и не зборувам
само за тренерот или играчите, потребно се промени од врвот… потребна е смена
од раководството, па до играчите и тренерот. Еве јас прв се нудам да заминам
доколку дојде свежа крв“
– изјави дефанзивецот.

„Не знам дали ова
е крај на еден циклус, едноставно го допревме дното и мора да има промени на
сите позиции, не само на играчкиот кадар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×