Спекталуларно
прво полувреме помеѓу Барселона и Баерн Минхен во Лисабон. Шампионот на
Германија поведе веќе во 4. минута со голот на Томас Милер. „Каталонците“ брзо
се вратија во игра откако Алаба си ја затресе сопствената мрежа во 7. минута.
Избраниците на
Сетиен имаа и шанса да поведат, но откако не реализираа, им се случи потоп за
десет минути. По една грешка на Серхи Роберто и загубена топка во опасната
зона, Перишиќ погоди за 1-2.
Гнабри ја искористи лошата рекција на Ленгле, изби
сам пред Тер Штеген и реализираше за 1-3.
Томас Милер одлично да се снајде
на првата статива и по втор пат да ја затресе мрежата за 1-4 во 31. минута од
мечот.
Ретко кој вака ја
уништил Барселона за половина час игра, според Опта, „каталонците“ за прв пат
примаат четири гола во прво полувреме во меч од Лигата на шампионите.
4 – Barcelona have conceded four goals in the first half of a Champions League match for the first time. Destruction. #UCL pic.twitter.com/tQHXpzU739
— OptaJoe (@OptaJoe) August 14, 2020