195
Барселона пред
неколку дена објави дека во своите редови има фудбалер заразен со ковид-19, се
работеше за Жан Клер Тодибо. Французинот беше еден од деветмината фудбалири кои оваа
сезона не беа дел од „каталонците“, летово се вратија и работеа одвоено од играчите кои се
подготвуваа за завршницата од Лигата на шампиони.
Во пресрет на
дуеелот против Баерн Минхен во осминафиналето, од Камп Ноу пристигна соопштение
дека уште еден нивни фудбалер е позитивен на коронавирус.
Се работи за дефанзивецот
Самуел Умтити. И во овој случај нема никакви последици врз играчите кои
отпатуваа во Лисабон и Ф8 турнирот, дефанзивецот е повреден и не е дел од
завршницата во Лигата на шампиони.