Навивачите ќе мораат да потпишат кодекс на однесување за присуство на меч во Премиерлигата

by
1 минути читање

Љубителите на
англискиот фудбал ќе мораат да потпишат посебен кодекс на однесување кој ќе
соодвествува со спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 кога ќе се вратат на
трибините од натпреварите од Премиерлигата идниот месец.

Како што пишува „Сан“,
се верува дека во кодексот на однесување ќе биде вклучено и забрана за навивање на
гледалиштето, мерките на Островот веќе се олабавени во поглед на битката со
пандемијата, а тоа практично ги отвори вратите од стадионите за навивачите, но,
дефинитивно на еден мошне поинаков начин на кој се навикнавме.

„Сан“ додава дека
бројот на навивачи кој ќе биде дозволен на стадионите ќе биде во ограничен
број, а ќе се почитува мерката за дистанца помеѓу нив, едно е сигурно, се

поизвесно е дека ќе има навивачи на
трибините од стартот на новата сезона во Премиерлигата предвиден на 12
септември.

Предвидено е
навивачите да го потпишуваат кодексот на однесување при самото купување на
влезница за предвидениот натпревар, а веројатно е дека и во новата сезона ќе
има „вештачка“ атмосфера на трибините, со навивачка атмосфера која е од
претходно снимена, како што беше случајот по рестартот на сезоната каде
натпреварите се играа без присуство на публика.

Во однос на оваа
тема, за крај ќе додадеме дека во американската МЛС навивачите кои сакаа да се
вратат на трибините требаа да потпишат изјава дека нема да покренат правна
постапка против клубот или лигата во случај да се заразат со Ковид-19 на
натпреварите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×